Гриз-пудинг во чашка со прелив од малини
Сите кога сме биле мали, мајките и бабите ни подготвувале каша од гриз. Омилена каша на децата. Се подсетив на тоа време па ми текна зошто да не биде и десерт за возрасни.
Гризот се добива со мелење на пченицата. Пченичниот гриз е извор на протеини, содржи многу есенцијални минерали и витамини. Богат е со диететски влакна а има ниско количество на масти. Може да се употребува во слатки и солени јадења, салати, супи.
Многу луѓе се скептични кога ќе им кажете за десерт од гриз, но кога ке го пробаат едноставно се изненадени од убавиот благ вкус. За овој десерт одбрав гризот да го комбинирам со кокос, какао и малини. Ммм.
Состојки (за 4 чашки):
Црн слој:
150мл млеко
2 рамни лажици гриз
1 лажица какао
1 1/2 лажици шеќер
Бел слој:
150мл млеко
2 рамни лажици гриз
1 лажица кокос
1 1/2 лажици шеќер
неколку капки екстракт од ванила
Прелив од малини:
150гр малини
2 рамни лажици шеќер
1 рамна мала лажичка ванилин шеќер
Начин на подготовка:
Црн слој:
Во тенџере на оган се става млекото, какаото и шеќерот. Пред да почне да врие се додава гризот и непрекинато мешаме за да не се создадат грутки или да загори. Кога ке се згусне смесата се трга од оган и се сипува во чашки до пола.
Бел слој:
Во тенџере на оган се става млекото, шеќерот и ванилата. Пред да почне да врие се додава гризот и непрекинато мешаме додека не се згусне. Кога ке се згусне смесата се трга од оган и се додава кокосот. Се меша да се соедини и се сипува во чашките врз црниот слој.
Прелив од малини:
Доколку користите замрзнати малини оставете ги најпрво да се одмрзнат пред да ги приготвувате.
Во тенџере ставете ги малините со 2 лажици вода. Додадете го шеќерот и ванилиниот шеќер. Мешајте за да се распаднат малините. Кога ке испари водата тргнете го тенџерето од оган. Сосот од малините процедете го низ цедалка за да ги отстраните семките.
Сосот сипете го врз белиот слој во чашката.
Оставете да се олади и послужете.
Пријатно јадење.

Коментари
Постави коментар