Потпечени макарони со пилешки стек и кашкавал

    Сигурно веќе добро ви е познато јадењето потпечени макарони во рерна. Скоро сите барем еднаш го имате направено или пак пробано.
    Многу често макароните кога се печат пресушуваат па потоа се тврди и суви за јадење. Но по овој рецепт тие ќе останат сочни и меки, а кашкавалот и пилешкиот стек ќе допринесат за полниот вкус.


Состојки:
400 гр макарони
1 парче пилешки стек
300 гр кашкавал
750 мл млеко
1 голема лажица брашно
оригано, сол и бибер
сончогледово масло

Начин на подготовка:
    Ставете ги макароните во зовриена вода на оган да се варат околу 5 минути (да бидат полу варени). Додека се варат макароните, стекот исечете го на мали парчиња и ставете го во тава со загреано масло да се пржи. Одкако ќе се испржи стекот во тавата ставете го брашното, промешајте, па додадете 500 мл млеко и 100 гр рендан кашкавал. Промешајте убаво и додадете ги макароните, поклопете и оставете да се доварат макароните.
    Кога ќе бидат варени макароните тргнете ги од оган. Половина од макароните сипете ги во плех за печење и врз нив ставете 100 гр рендан кашкавал. Додадете ја и другата половина макарони и повторно ставете 100 гр рендан кашкавал. Прелијте ги макароните со 250 мл млеко и ставете ги во загреана рерна на 250с° околу 10 минути.
Послужете го јадењето додека е топло.
Пријатно јадење.



Коментари

Популарни постови са овог блога

Гриз-пудинг во чашка со прелив од малини

Пилешки стек во бел сос со печурки