Пилешки стек во бел сос со печурки
Кога сакам брзо јадење со месо, секогаш употребувам пилешко месо. Брзо и лесно се приготвува, а може да се комбинира на милион начини. Никогаш досадно за јадење.
Пилешкото најмногу ми е вкусно кога е во комбинација со печурки и некаков сос. Несакам кога е тврдо и суво месото.
Печурки секогаш имам во фрижидер, ги обожувам.
Состојки:
2 парчиња стек
100 гр шампињони
250 мл млеко
50 гр кашкавал
2 парчиња пршут
1 лажица брашно
1 мала главица кромид
босилок, мајоран, оригано
сол и црн бибер
Начин на подготовка:
Стекот ставете го да се свари, потоа исечете го на помали тенки парчиња. Парчињата стек ставете ги во тава со загреано масло и пржете ги додека поруменат.
Во истото масло ставете го ситно исецканиот кромид и печурките. Пржете додека кромидот не омекне. Одкако ќе се испржат додадете го брашното и промешајте. Со постојано мешање сипете го млекото и ставенте го ренданиот кашкавал. Пред да зоврие сосот ставете ги парчињата стек во тавата. Посолете и заченете со босилок, мајоран и оригано. Оставете да се крчка неколку минути и тргнете го од оган.
Послужете го топло со парче пршут.
Пријатно јадење.

Коментари
Постави коментар