Колач со цреши
Сигурна сум дека веќе го знаете добро познатиот колач со вишни. Но овој пат го направив со цреши. Исто толку е добар и вкусен како колачот со вишни.
Црешите го немаат оној маку киселкаст вкус, па затоа колачот e поблаг, но сепак лесен за јадење.
Состојки:
3 јајца
7 шољи (мали за еспресо) шеќер
2 шољи (мали за еспресо) зејтин
250мл кисело млеко
8 шољи (мали за еспресо) брашно
1 пециво
200-300 гр. исчистени цреши
Начин на подготовка:
Во длабок сад се кршат јајцата и се додава шеќерот. Се мати со миксер додека шеќерот не се стопи. Се додава киселото млеко и се продолжува да се мати додека шеќерот скроз не се стопи. За да бидеме сигурни дека шеќерот е стопен, проверуваме со лажица така што лажицата ја потопуваме во смесата и кога ке ја извадиме нетреба да има шеќер на неа.
Одкако сме ги изматиле шеќерот,јајцата и киселото млеко, матејки се додава зејтинот, брашното и пецивото. Се мати додека не се изедначи.
Во набрашнет плех се сипува половина од смесата и се остава 5-10 минути да одстои. Потоа се редат црешите и се сипува останатат смеса.
Се пече во загреана рерна на 180с° околу 30 минути.
Коментари
Постави коментар