Тесто за затворена пица од две состојки

    Сите обожаваме пица. Би ја јаделе секогаш и во секоја прилика, нели?
    Овој пат направив затворена пица. Има многу рецепти и начини на подготовка за тесто за пица, но ова тесто има само две состојки. Се прави брзо и лесно бидејки тестото не треба да нараснува. Можат да ја направат дури и оние кои не им оди баш работа со тесто.


Состојки:
За тесто:
1 шоља (голема за чај) јогурт
2.5-3 шољи (големи за чај) брашно

За полнење:
150гр. рендан кашкавал
100гр. рендана салама
100гр. печурки
кечап

За премачкување:
2 големи лажици маслиново масло
1 мала лажичка оригано
1 мала лажичка босилок
1/2 мала лажичка мелен лук

Начин на подготовка:
    Се замесува тесто од јогуртот и брашното. Најпрво во јогуртот додадете две шољи брашно и почнете да месите, ако јогуртот не е многу густ тогаш ќе треба да додадете уште брашно. Тестотот не треба да биде ни многу меко ни многу тврдо.
    Одкако ке го замесите тестото поделете го на четири дела и секој дел замесете го како топче.


    Секое топче расукајте го со дебелина од околу 5 милиметри. На половина од кругот намачкајте со кечап па наредете ги печурките, саламата и кашкавалот. Преклопете го тестото и затворете ја пицата.




    Пиците се редат во плех на хартија за печење и се премачкуваат со смесата од маслиново масло и зачини. Се печат на 200с° 25 минути. Па се зголемува температурата на 250с° и се печат уште 3 минути.



    Пријатно јадење.






Коментари

Популарни постови са овог блога

Потпечени макарони со пилешки стек и кашкавал

Гриз-пудинг во чашка со прелив од малини

Пилешки стек во бел сос со печурки