Печен полнет компир со свинско месо
Класичното јадење месо со компир во поинаква варијанта.
Кога ќе го ставите компирот да се пече кујната ке ви мириса прекрасно. Ќе ве врати во времето кога нашите баби ни печеа цел компир во рерна или пак кога ке го ставеа да се пече во жарот од веќе подготвената скара.
За рецептов одбрав чиста свинска кртина, без масните делови, но вие може да го направите со било какво месо. Секако е превкусно.
Состојки:
2 компира со средна големина
200гр свинска кртина
4 парчиња кашкавал
150мл млеко
2 мали парчиња путер
маслиново масло
вегета
сол и црн бибер
Начин на подготовка:
Компирите измиј те ги. Набоцкај те ги со вилушка, премачкај те ги со маслиново масло и посолете ги. Ставете ги во рерна да се печат на 250с° 25-30 минути.
Месото ставете го да се вари. Одкако ќе се свари исецкајте го на ситни коцки и пропржете го на оган.
Кога компирите ке се испечат извадете ги од рерна и оставете малку да се оладаат. Засечете ги одозгора и издлабете ги со лажичка. Средината од компирот соединете го со месото и додадете го млекото. Ставете вегета, сол и бибер по вкус. Промешајте.
Најдоле во дупката на компирот ставете путер, па половина наполнете го со смесата од месо и компир. Ставете парче кашкавал и дополнете го со смесата. Најгоре повторно ставете парче кашкавал.
Вака наполнети вратете ги во рерна уште 5-10 минути.
Пријатно јадење.

Коментари
Постави коментар