Сладолед торта со карамелизирани праски
Во летните денови сите сакаме да се освежиме со по некоја топка сладолед, а зошто да не и сладолед торта. Обичниот сладолед да го претвориме во поинаква димензија на уживање.
Летото изобилува со прекрасни овошки. Сега е сезона на праските, па затоа ги одбрав нив за овој десерт, а и совршено си одговараат со сладолед од ванила.
Состојки:
2 пакетчиња ванила сладолед во прав
350мл млеко
300гр чоколаден корнфлекс
3 праски
1 мала лажичка екстракт од ванила
6 мали лажички шеќер
Начин на подготовка:
Најпрво треба да ги карамелизирате праските. Излупете ги и извадете ја семката. Така половинки наредете ги во плех за печење. Екстрактот од ванила измешајте го со малку вода и сипете го врз праските. Врз секоја половинка праска наросете по 1 лажиче шеќер. Ставете ги во рерна да се печат на 250с° околу 30 минути. Кога ќе се убаво карамелизирани извадете ги од рерна и оставет ги да се оладат. Оладени исечете ги на поситни парчиња.
Корнфлексот иситнете го ситно во сецко или блендер. Додадете неколку лажици млеко за да се направи како тесто (5-10 лажици млеко во зависност од корнфлексот). Корнфлексот ставете го најдолу во калап за торта и притеснете го убаво за да се формира кора.
Сладоледот во прав изматете го со млекото. Половина од сладоледот сипете го врз корнфлексот, наредете ги праските и сипете го преостанатиот сладолед.
Најодозгора со лажица посипете го сокот кој го пуштија праските додека се карамелизираа.
Тортата ставете ја во замрзнувач да се смрзне неколку часа или преку ноќ.
Пријатно јадење.

Коментари
Постави коментар