Лазања со тиквички
Лазањи,мммм... едно од моите омилени јадења. Но овој пат класичната лазања ја заменив со тиквичка. Исто толку е вкусно како и класичната лазања.
Совршено јадење за ручек во било кој ден од неделата, бидејки брзо и лесно се прави.
Совршено јадење за ручек во било кој ден од неделата, бидејки брзо и лесно се прави.
Состојки:
1 тиквичка
200гр мелено месо
1 мал кромид
250мл сос од домати
200г рендан кашкавал
1 лажица брашно
300мл млеко
3 лажици путер
оригано, босилок, сол и црн бибер
Начин на подготовка:
Во тава ставете ситно исецкан кромид и пржете додека не порумени, додадете го меленото месо и продолжете да пржите. Одкако месото ќе се испржи додадете го сосот од домати, оставете да крчка со привремено мешање додека не почне да се згуснува. Зачинете со сол, оригано и босилок и тргнете го од оган.
Во друга тава ставете го путерот и брашното, пржете додека брашното не стане златесто. Додадете го млекото на три пати со постојано мешање. Посолете со сол и бибер. Кога ќе се згусне тргнете го од оган.
Тиквичките излулете ги и исечете ги тенко по должина.
Тиквичките излулете ги и исечете ги тенко по должина.
Во огноотпорен сад прво наредете ги тиквичките. Ставете 1/3 од бешамеш сосот, па врз него 1/3 од меленото месо со доматен сос и рендан кашкавал. Постапката повторете ја три пати.
Печете во загреана рерна на 200с°.
Пријатно јадење.
Печете во загреана рерна на 200с°.
Пријатно јадење.
Коментари
Постави коментар