Јуфки Карбонара
Кога помислувам на тестенини, мислам на Карбонара. Моите омилени. Можам да ги јадам во секоја доба од денот. Толку се вкусни и кремасти.
Има многу рецепти за Карбонара, некои се едноставни а некои доста комплицирани. Најчесто се користат шпагети, но за да не биде се така монотоно и класично ги одбрав јуфките наместо шпагетите. И уште нешто, во овој рецепт целото јадење можете да го направите во само едно тенџере (нема полно садови за миење...јееее).
Состојки:
300гр јуфки
250мл млеко
1 жолчка од јајце
70гр пармезан
малку путер
3 парчиња пршута
сол и црн бибер
Начин на подготовка:
Во тенџере на оган ставете вода да зоврие. Ставете ги јувките да се сварат. Потребно им е само неколку минути за да не станат преварени и лепливи.
Тргнете ги од оган, исцедете ја водата од јуфките и вратете ги во тенџерето. Во тенџерето со јуфки сипете го млекото и додадете го пармезанот, путерот и жолчката. Посолете. Вратете го тенжерето на оган и мешајте пополека за да се соедини се и да се згусне сосот.
Кога ќе се згусне тргнете го оган и сервирајте ги јуфките во чинија. Врз јуфките додадете ги парчињата пршута и нарендајте уште малку пармезан.
Пријатно јадење.
Коментари
Постави коментар