Frittata-Печена кајгана со зеленчук и печурки
За љубителите на јајца ова е совршен рецепт. Лесен е за подготвување, нема пржење, нема испрскан шпорет со масло.
Фритатата потекнува од Италија. Јадење кое се базира на јајца збогатени со други состојки. Во Фритатата можете да ставите што сакате или пак она што го имате моментално во фрижидер, месо, зеленчук, сирење...експериментирајте со вкусовите.
Според мене ова ми е класична фритата. Јајца, пиперки, домат, печурки, зачини... Ммм звучи вкусно нели.
Состојки:
3 јајца
2 пиперки
1 домат
1 младо кромидче
70гр сецкани печурки
100гр рендан кашкавач
1 чешне лук
150 мл млеко
1/2 мала лажичка оригано
1/2 мала лажичка мајоран
1/2 мала лажичка босилок
1/2 мака лажичка куркума
сол и црн бибер
неколку парчиња чаен колбас
Начин на подготовка:
Во сад со жица се матат млекото и јајцата. Пиперките, доматот, лукот и младото кромидче ситно ги сецкаме и ги додаваме во јајцата. Ги додаваме печурките, кашкавалот и зачините. Се меша. Смесата ја истураме во плех за печење. Одозгора редиме парчиња чајна. Плехот го ставаме во претходно загреана рерна на 250с° и оставаме да се пече 15минути. Се послужува топло.
Пријатно јадење.
Коментари
Постави коментар