Постови

Приказују се постови за септембар, 2018

Потпечени макарони со пилешки стек и кашкавал

Слика
    Сигурно веќе добро ви е познато јадењето потпечени макарони во рерна. Скоро сите барем еднаш го имате направено или пак пробано.     Многу често макароните кога се печат пресушуваат па потоа се тврди и суви за јадење. Но по овој рецепт тие ќе останат сочни и меки, а кашкавалот и пилешкиот стек ќе допринесат за полниот вкус. Состојки: 400 гр макарони 1 парче пилешки стек 300 гр кашкавал 750 мл млеко 1 голема лажица брашно оригано, сол и бибер сончогледово масло Начин на подготовка :     Ставете ги макароните во зовриена вода на оган да се варат околу 5 минути (да бидат полу варени). Додека се варат макароните, стекот исечете го на мали парчиња и ставете го во тава со загреано масло да се пржи. Одкако ќе се испржи стекот во тавата ставете го брашното, промешајте, па додадете 500 мл млеко и 100 гр рендан кашкавал. Промешајте убаво и додадете ги макароните, поклопете и оставете да се доварат макароните.     Кога ќе бидат варени м...

Сочни чоколадни мафини

Слика
    Мафините често знаат да бидат суви и помалку досадни за јадење. Но по овој рецепт ќе барате репете. Вкусни се, чоколадни и сочни.     Овој пат ги правев по повод запросување на една прекрасна девојка, па затоа ги украсив со фондан на тема љубов. Состојки (за 12 мафини): За тесто: 2 јајца 120 гр. шеќер 100 гр. брашно 1/2 пециво 35 гр. какао 100 мл. млеко 50 мл. масло 1 мала лажичка ванила За прелив: 100 гр чоколадо 50 мл. млеко 50 гр. шеќер 20 гр. путер Начин на подготовка:     Во сад се мешаат сувите состојки: брашното, пецивото и какаото. Во друг сад се мешаат млекото и маслото. Во сад за матење се матат јајцата со шеќерот, додека не се стопи шеќерот. Одкако ќе се стопи шеќерот, наизменично се додаваат сувите и течните состојки. Се меша додека не се добие еднолична смеса. Со смесата се полнат 3/4 од калапите за мафини. Се печеат 25 минути на 180с°.     Кога ќе се при крај мафините се подготвува преливот. Во мало те...

Пилешки стек во бел сос со печурки

Слика
    Кога сакам брзо јадење со месо, секогаш употребувам пилешко месо. Брзо и лесно се приготвува, а може да се комбинира на милион начини. Никогаш досадно за јадење.     Пилешкото најмногу ми е вкусно кога е во комбинација со печурки и некаков сос. Несакам кога е тврдо и суво месото.     Печурки секогаш имам во фрижидер, ги обожувам. Состојки: 2 парчиња стек 100 гр шампињони 250 мл млеко 50 гр кашкавал 2 парчиња пршут 1 лажица брашно 1 мала главица кромид босилок, мајоран, оригано сол и црн бибер Начин на подготовка :     Стекот ставете го да се свари, потоа исечете го на помали тенки парчиња. Парчињата стек ставете ги во тава со загреано масло и пржете ги додека поруменат.     Во истото масло ставете го ситно исецканиот кромид и печурките. Пржете додека кромидот не омекне. Одкако ќе се испржат додадете го брашното и промешајте. Со постојано мешање сипете го млекото и ставенте го ренданиот кашкавал. Пред да зоврие с...

Ролнички од тост леб со мармалад и цимет

Слика
    Одлично и брзо мезе кога ќе ви се најават гости. Или пак грицки додека го гледате омилениот филм.     Доколку имате отворен леб на кришки од пред неколку дена, немојте да го фрлате. Направете ги ролничкиве и ќе се изедат за миг.     За овие ролнички користев коцкаст тост леб на кришки и мармалад од сливи. Но вие можете да користите било каков мармалад или пак крем. Состојки : 12 кришки тост леб 12 мали лажички мармалад од сливи 1 јајце малку млеко 200гр лебни трошки 2 мали лажички цимет Начин на подготовка:     Со нож исечете ги краевите на кришките (од околу 3-5 милиметри). Срединките од кришките расукајте ги малку со сукало и нанесете по една мала лажичка мармалад на една кришка. Мармаладот размачкајте го но не скроз до краевите. Почнете да ги виткате во ролнички.     Лебните трошки ставете ги во сад и додајте го циметот. Промешајте за да се соедини. Во јајцето додадете малку млеко и изматете го со вилушка. ...