Сочни чоколадни мафини
Мафините често знаат да бидат суви и помалку досадни за јадење. Но по овој рецепт ќе барате репете. Вкусни се, чоколадни и сочни.
Овој пат ги правев по повод запросување на една прекрасна девојка, па затоа ги украсив со фондан на тема љубов.
Состојки (за 12 мафини):
За тесто:
2 јајца
120 гр. шеќер
100 гр. брашно
1/2 пециво
35 гр. какао
100 мл. млеко
50 мл. масло
1 мала лажичка ванила
За прелив:
100 гр чоколадо
50 мл. млеко
50 гр. шеќер
20 гр. путер
Начин на подготовка:
Во сад се мешаат сувите состојки: брашното, пецивото и какаото. Во друг сад се мешаат млекото и маслото. Во сад за матење се матат јајцата со шеќерот, додека не се стопи шеќерот. Одкако ќе се стопи шеќерот, наизменично се додаваат сувите и течните состојки. Се меша додека не се добие еднолична смеса. Со смесата се полнат 3/4 од калапите за мафини. Се печеат 25 минути на 180с°.
Кога ќе се при крај мафините се подготвува преливот. Во мало тенџере на оган се става чоколадото, млекото, шеќерот и путерот да се растопат и да се загреат. Се трга од оган.
Кога ке се печени мафините извадете ги од рерна и оставете ги 1-2 минути да се подизладат. Потоа пресечете го врвчето на мафинот (немора доколку одозгора украсувате со шлаг), избоцкај те ги со чешкалка и со лажичка посипете ги со преливот. Доколку ви остане прелив постапката повторете ја пак после неколку минути.
Украсете ги по желба, но вкусни се и без украсување. :)

Коментари
Постави коментар