Ролнички од тост леб со мармалад и цимет
Одлично и брзо мезе кога ќе ви се најават гости. Или пак грицки додека го гледате омилениот филм.
Доколку имате отворен леб на кришки од пред неколку дена, немојте да го фрлате. Направете ги ролничкиве и ќе се изедат за миг.
За овие ролнички користев коцкаст тост леб на кришки и мармалад од сливи. Но вие можете да користите било каков мармалад или пак крем.
Состојки:
12 кришки тост леб
12 мали лажички мармалад од сливи
1 јајце
малку млеко
200гр лебни трошки
2 мали лажички цимет
Начин на подготовка:
Со нож исечете ги краевите на кришките (од околу 3-5 милиметри). Срединките од кришките расукајте ги малку со сукало и нанесете по една мала лажичка мармалад на една кришка. Мармаладот размачкајте го но не скроз до краевите. Почнете да ги виткате во ролнички.
Лебните трошки ставете ги во сад и додајте го циметот. Промешајте за да се соедини. Во јајцето додадете малку млеко и изматете го со вилушка.
Ролничките потопете ги во јајцето па извалкајте ги во лебните трошки со цимет.
Похованите ролнички пржете ги кратко во загреано масло.
Краевите од кришките исто така можете да ги потопите во јајце и лебни трошки и да ги испржите.
Сервирајте со шлаг крема. Пријатно јадење.

Коментари
Постави коментар