Постови

Потпечени макарони со пилешки стек и кашкавал

Слика
    Сигурно веќе добро ви е познато јадењето потпечени макарони во рерна. Скоро сите барем еднаш го имате направено или пак пробано.     Многу често макароните кога се печат пресушуваат па потоа се тврди и суви за јадење. Но по овој рецепт тие ќе останат сочни и меки, а кашкавалот и пилешкиот стек ќе допринесат за полниот вкус. Состојки: 400 гр макарони 1 парче пилешки стек 300 гр кашкавал 750 мл млеко 1 голема лажица брашно оригано, сол и бибер сончогледово масло Начин на подготовка :     Ставете ги макароните во зовриена вода на оган да се варат околу 5 минути (да бидат полу варени). Додека се варат макароните, стекот исечете го на мали парчиња и ставете го во тава со загреано масло да се пржи. Одкако ќе се испржи стекот во тавата ставете го брашното, промешајте, па додадете 500 мл млеко и 100 гр рендан кашкавал. Промешајте убаво и додадете ги макароните, поклопете и оставете да се доварат макароните.     Кога ќе бидат варени м...

Сочни чоколадни мафини

Слика
    Мафините често знаат да бидат суви и помалку досадни за јадење. Но по овој рецепт ќе барате репете. Вкусни се, чоколадни и сочни.     Овој пат ги правев по повод запросување на една прекрасна девојка, па затоа ги украсив со фондан на тема љубов. Состојки (за 12 мафини): За тесто: 2 јајца 120 гр. шеќер 100 гр. брашно 1/2 пециво 35 гр. какао 100 мл. млеко 50 мл. масло 1 мала лажичка ванила За прелив: 100 гр чоколадо 50 мл. млеко 50 гр. шеќер 20 гр. путер Начин на подготовка:     Во сад се мешаат сувите состојки: брашното, пецивото и какаото. Во друг сад се мешаат млекото и маслото. Во сад за матење се матат јајцата со шеќерот, додека не се стопи шеќерот. Одкако ќе се стопи шеќерот, наизменично се додаваат сувите и течните состојки. Се меша додека не се добие еднолична смеса. Со смесата се полнат 3/4 од калапите за мафини. Се печеат 25 минути на 180с°.     Кога ќе се при крај мафините се подготвува преливот. Во мало те...

Пилешки стек во бел сос со печурки

Слика
    Кога сакам брзо јадење со месо, секогаш употребувам пилешко месо. Брзо и лесно се приготвува, а може да се комбинира на милион начини. Никогаш досадно за јадење.     Пилешкото најмногу ми е вкусно кога е во комбинација со печурки и некаков сос. Несакам кога е тврдо и суво месото.     Печурки секогаш имам во фрижидер, ги обожувам. Состојки: 2 парчиња стек 100 гр шампињони 250 мл млеко 50 гр кашкавал 2 парчиња пршут 1 лажица брашно 1 мала главица кромид босилок, мајоран, оригано сол и црн бибер Начин на подготовка :     Стекот ставете го да се свари, потоа исечете го на помали тенки парчиња. Парчињата стек ставете ги во тава со загреано масло и пржете ги додека поруменат.     Во истото масло ставете го ситно исецканиот кромид и печурките. Пржете додека кромидот не омекне. Одкако ќе се испржат додадете го брашното и промешајте. Со постојано мешање сипете го млекото и ставенте го ренданиот кашкавал. Пред да зоврие с...

Ролнички од тост леб со мармалад и цимет

Слика
    Одлично и брзо мезе кога ќе ви се најават гости. Или пак грицки додека го гледате омилениот филм.     Доколку имате отворен леб на кришки од пред неколку дена, немојте да го фрлате. Направете ги ролничкиве и ќе се изедат за миг.     За овие ролнички користев коцкаст тост леб на кришки и мармалад од сливи. Но вие можете да користите било каков мармалад или пак крем. Состојки : 12 кришки тост леб 12 мали лажички мармалад од сливи 1 јајце малку млеко 200гр лебни трошки 2 мали лажички цимет Начин на подготовка:     Со нож исечете ги краевите на кришките (од околу 3-5 милиметри). Срединките од кришките расукајте ги малку со сукало и нанесете по една мала лажичка мармалад на една кришка. Мармаладот размачкајте го но не скроз до краевите. Почнете да ги виткате во ролнички.     Лебните трошки ставете ги во сад и додајте го циметот. Промешајте за да се соедини. Во јајцето додадете малку млеко и изматете го со вилушка. ...

Јуфки Карбонара

Слика
    Кога помислувам на тестенини, мислам на Карбонара. Моите омилени. Можам да ги јадам во секоја доба од денот. Толку се вкусни и кремасти.     Има многу рецепти за Карбонара, некои се едноставни а некои доста комплицирани.  Најчесто се користат шпагети, но за да не биде се така монотоно и класично ги одбрав јуфките наместо шпагетите. И уште нешто, во овој рецепт целото јадење можете да го направите во само едно тенџере (нема полно садови за миење...јееее). Состојки : 300гр јуфки 250мл млеко 1 жолчка од јајце 70гр пармезан малку путер 3 парчиња пршута сол и црн бибер Начин на подготовка :     Во тенџере на оган ставете вода да зоврие. Ставете ги јувките да се сварат. Потребно им е само неколку минути за да не станат преварени и лепливи.      Тргнете ги од оган, исцедете ја водата од јуфките и вратете ги во тенџерето. Во тенџерето со јуфки сипете го млекото и додадете го пармезанот, путерот и жолчката. Пос...

Лазања со тиквички

Слика
    Лазањи,мммм... едно од моите омилени јадења. Но овој пат класичната лазања ја заменив со тиквичка. Исто толку е вкусно како и класичната лазања.     Совршено јадење за ручек во било кој ден од неделата, бидејки брзо и лесно се прави. Состојки : 1 тиквичка 200гр мелено месо 1 мал кромид 250мл сос од домати 200г рендан кашкавал 1 лажица брашно 300мл млеко 3 лажици путер оригано, босилок, сол и црн бибер Начин на подготовка :     Во тава ставете ситно исецкан кромид и пржете додека не порумени, додадете го меленото месо и продолжете да пржите. Одкако месото ќе се испржи додадете го сосот од домати, оставете да крчка со привремено мешање додека не почне да се згуснува. Зачинете со сол, оригано и босилок и тргнете го од оган.     Во друга тава ставете го путерот и брашното, пржете додека брашното не стане златесто. Додадете го млекото на три пати со постојано мешање. Посолете со сол и бибер. Кога ќе се згусне тр...

Сладолед торта со карамелизирани праски

Слика
    Во летните денови сите сакаме да се освежиме со по некоја топка сладолед, а зошто да не и сладолед торта. Обичниот сладолед да го претвориме во поинаква димензија на уживање.     Летото изобилува со прекрасни овошки. Сега е сезона на праските, па затоа ги одбрав нив за овој десерт, а и совршено си одговараат со сладолед од ванила. Состојки : 2 пакетчиња ванила сладолед во прав 350мл млеко 300гр чоколаден корнфлекс 3 праски 1 мала лажичка екстракт од ванила 6 мали лажички шеќер Начин на подготовка:     Најпрво треба да ги карамелизирате праските. Излупете ги и извадете ја семката. Така половинки наредете ги во плех за печење. Екстрактот од ванила измешајте го со малку вода и сипете го врз праските. Врз секоја половинка праска наросете по 1 лажиче шеќер. Ставете ги во рерна да се печат на 250с° околу 30 минути. Кога ќе се убаво карамелизирани извадете ги од рерна и оставет ги да се оладат. Оладени исечете ги на поситни парчиња.   ...