Јуфки Карбонара

Кога помислувам на тестенини, мислам на Карбонара. Моите омилени. Можам да ги јадам во секоја доба од денот. Толку се вкусни и кремасти. Има многу рецепти за Карбонара, некои се едноставни а некои доста комплицирани. Најчесто се користат шпагети, но за да не биде се така монотоно и класично ги одбрав јуфките наместо шпагетите. И уште нешто, во овој рецепт целото јадење можете да го направите во само едно тенџере (нема полно садови за миење...јееее). Состојки : 300гр јуфки 250мл млеко 1 жолчка од јајце 70гр пармезан малку путер 3 парчиња пршута сол и црн бибер Начин на подготовка : Во тенџере на оган ставете вода да зоврие. Ставете ги јувките да се сварат. Потребно им е само неколку минути за да не станат преварени и лепливи. Тргнете ги од оган, исцедете ја водата од јуфките и вратете ги во тенџерето. Во тенџерето со јуфки сипете го млекото и додадете го пармезанот, путерот и жолчката. Пос...